Македонија

„Безбеден град“ официјално ќе стартува од 1 февруари

Има потреба од дополнително време за тестирање и калибрирање на новиот безбедносен систем

Министерството за внатрешни работи, соопшти дека проектот „Безбеден град“ официјално ќе биде пуштен во работа на 1 февруари 2026 година, пренесе „360 степени“.

Ова значи дека системот нема да започне со функционирање на првично најавениот датум – 1 јануари 2026, туку неговото активирање се одложува за еден месец.

Како што наведува „360 степени“, ваквото поместување укажува дека МВР има потреба од дополнително време за тестирање и калибрирање на новиот безбедносен систем. Одложувањето следува и по новинарското тестирање на платформата, кое покажало дека системот сè уште не е целосно подготвен за оперативна функција.

Од Министерството засега не откриваат конкретни детали околу досегашните резултати од тестирањето, но уверуваат дека проектот ќе биде пуштен во употреба само кога ќе биде технички стабилен, сигурен и целосно функционален.

„Безбеден град“ се смета за еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на јавната безбедност, кој опфаќа поставување нови системи за видео-надзор, автоматски технологии за препознавање и поефикасна комуникација меѓу службите.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

To top