Македонија

Бихаќка доцни, веќе се истражува дали сомнителен странски капитал влегува во македонска телевизија

Финансиската полиција истражува и бара да не се лаже за една наша ТВ

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните, велат владини извори коментирајќи ги наводите изнесени претходно од СДСМ.

Управата за финансиска полиција истражува наводен сомнителен капитал за купување телевизија, дознаваме од добро упатен извор. Изворот апелира да не се шпекулира со непроверени информации.

„Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности. Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните“.

Претходно, опозициската СДСМ побара да се истражи, како што наведуваат, влезот на српската медиумска машинерија во Македонија истакнувајќи дека, тоа е барање на повеќе телевизии.

„Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата. На сомнителен начин и со заобиколување на законите“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ обвинувајќи за српско-руска агенда.

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

To top