Македонија

Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот

Ѓорѓиевски вети поддршка

Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје и да се направи железница покрај кејот на Врадар која ќе ја растовари комуникацијата во центарот и ќе го олесни протокот на луѓе, услуги и стоки. Ова се само некои од барањата што Стопанската комора денеска му ги испорача на Орце Ѓорѓиевски кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје, актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода.

На работната средба што се одржа во Комората, Ѓорѓиевски им порача на стопанствениците да бидат сигурни дека ќе имаат вистински партнер во него, дека ќе имаат максимална поддршка, како и дека ќе бидат еден од главните двигитали на главниот град.

-Секаде каде што има поделба на надлежностите, има проблеми. Надлежностите на градот или општината – една улица на едни, една на други, во реалното функционирање во целина како Скопје, не е најдоброто решение. Можеби е момент да се разлгеда од сите аспекти. Не велиме дека централизацијата е најдоброто решение, но треба да се елиминираат различните надлежности зашто тие создаваат проблем, а најголем проблем од тој аспект има во урбанизмот и сега сме сконцентрирани тоа да го разрешиме, истакна Азески по средбата.

Во однос на натамошниот развој на Скопје, напомена дека треба да се воочат оптималните можности.

-Ако вака продолжи ширењето на градот, ќе ја донесеме цела Македонија тука, особено во делот на бизнисот. Треба да се искористат природните предности – со најмали средства во најкраток период да се добијат најдобри резултати. Едно такво решение е покрај кејот на Врадар да се направи железница со која ќе се растовари центарот на Скопје, ќе се забрза протокот на луѓе, услуги и стоки. Ќе добиеме чисто место, државно, без имотно-правни проблеми и не многу скапо решение, современо, кое може да се надградува, потенцира претседателот на Комората.

Тој се осврна и на подоброто функционирање на зоните, особено на оние во Скопје кои, како што рече, никнаа без посебна подготовка. Азески во овој контекст го посочи Визбегово каде, нагласи, има огромна концентрација на фирми и капитал, но и многу нерешени основни прашања. Тоа, рече, треба да се заштити и да се стави во програмата на новиот градоначаник – да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот.

-Се е пари, му порачуваме на новиот градоначалник да ги искористи максимално. Свесни сме дека Буџетот на Скопје е помал од буџетите на сите главни градови и затоа сметаме дека треба да се зголемува само за продуктивни инвестиции. Порачуваме и дека во тоа треба да помогне државата. Скопје е расадник на кадри и тука се наоѓаат најголемите потнцијали за развој на државата. Кадрите треба да произлезеат од образовниот систем, а во Скопје се најзначајните школи уницетзритетит и институциикоипрозведуваат кадар, укажа Азески.

Ѓорѓиевски изјави дека во изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода покажал што знчаи силен и динамичен економски развој и јакнење на стопанството на локално ниво.

-Мој приоритет е да создадеме силно и економски стабилно Скопје кое ќе граби напред, град во кој ќе се утврдат потенцијалите не за две, три или пет, туку за многу повеќе години, и кога јас нема да бидам градоначалник, многу е важно да имаме економска стратегија за развивање на главниот град, силно стопанство и нови, добро платени работни места. Им порачувам на стопанствениците, да бидат сигурни дека ќе иамат вистинскии партенр во мене, дека ќе имаат подадедна рака за поддршка и дека тие ќе бидат еден од главните двигитали на градот, истакна Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top