Македонија

Боемот предлага масовен концерт за ,,Царот” Орце Стевковски

Орце е популарен само поради музиката и срцето, без реклами, без скандали – само душа и глас

Инфлуенсерот познат како Боемот 2.0 предлага Македонија да организира масовен концерт за еден од најпопуларните македонски музичари ,,Царот” Орце Стевковски.

 

Инспириран од концертот во Хрватска каде за хрватскиот националист Томпсон се собраа половина милион Хрвати Боемот предлага и во Македонија да се собере многу народ за патриотот Орце Стевковски чии песни се екстремно популарни меѓу народот.

 

,,Време е за масовен концерт – Да се собереме 500.000 луѓе на концерт на Орце Стевковски – Царот

 

Ако Хрватите можат да го имаат Томпсон и да пее на хиподромот каде ќе се соберат 500.000 луѓе, ако Србите ја имаат Цеца за која најавуваат масовен концерт тогаш и ние можеме да се рамниме со нив. Но, не само тоа. Ние имаме далеку подобар кандидат којшто во најмала рака е македонскиот Томпсон, а не па многу повеќе. Драги гладачи станува збор за единствениот Орце Стевковски – Царот”, пишува Боемот.

 

Нему  скролајќи на Фејсбук му излегла информацијата дека вчера му било роденден на Орце Царот, по што му дошла идеја да се следи  примерот на Хрватите со Томпсон?

 

,,Орце е по дефиниција македонскиот Томпсон, но далеку подобар, покреативен и поавтентичен. Заеднички точки на Орце Царот и Томпсон се дека: И двајцата пејат музика која ја врзуваат со националниот идентитет. Омилени се од најмала до највозрасна публика. Одат хардкор – ретко ги пуштаат на официјални медиуми, масовно се следени на Јутуб и социјални мрежи. Како што гледам Орце на вчерашната објава на Фејсбук има 664 коментари „среќен роденден“… Нему не може да му парира ниту Калиопи и Тамара Тодевска. И Орце и Томпсон се пејачи што предизвикуваат силни емоции – или се обожавани, или критикувани. Но едно е сигурно – никого не оставаат рамнодушен.

 

Е сега, Орце е далеку подобар од Томпсон. Зошто? Орце не се поврзува со екстремизам, говор на омраза или фашистички симболи – за разлика од Томпсон, кој често знае да се најде во центарот на контроверзии. На Орце не му треба медиумски скандал да е популарен. Орце е популарен само поради музиката и срцето. Без реклами, без скандали – само душа и глас. Орце е далеку подобар затоа што нема маркетинг, нема скандали со името, туку тој е човек на народот. И да, затоа што е наш. Згора на сѐ, Орце годинава ни посака среќна нова година и да си најдеме швалерка. Значи има изјава за швалерки, нешто кое Томпсон може само да сонува, за таква храбра изјава во јавност.

 

Затоа Орце е 100 пати подобар од Томпсон. Иако звучи идеалистички, би било добро да има еден голем концерт. Па замислете кога ќе рокне „Убава Калина“, па „Царот Неготински“, па „Од каде дојдовте“… Ете, од мене ќе има бесплатна промоција. Орце царот, буквално е цар!!”, пишува Боемот 2.0 користејќи ги хаштазите:

 

#ПолноќнаРомантика #ПатриотскиМонолог #ОрцеЦаротБуквалноЕЦар

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top