Македонија

Богдановиќ: Кај одредени луѓе во СДСМ владее србофобија

Ексградоначалникот на Центар ја обвини својата поранешна партија за омраза кон сè што е српско

Градоначалникот на Центар од 2017 до 2021 година, Саша Богдановиќ, ја обвини својата поранешна партија СДСМ за србофобија.

„Како припадници на српската заедница, секогаш сме давале придонес за развој во разни полиња во државата и така ќе биде во иднина, но очигледно кај некоја група во СДСМ, која најверојатно треба да се докаже на некој србофоб и србомрзец, свесно од рани утрински часови, па до доцна навечер во речиси секоја втора или трета објава споменува српски, Србија, Срби итн. Мислам дека треба во иднина преку правни механизми да се избориме против дискриминацијата и србофобијата која очигледно владее кај одредени луѓе во СДСМ“, коментира Богдановиќ, според кој соопштенијата на „Бихаќка“ им ги пишува „задоеник со усташка идеологија“.

Најнови вести од: Македонија

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top