Македонија

Приведени косовски државјани за шверц со имигранти

„При претресот во возилото „Шкода Рапид“ со национални косовски регистарски ознаки, кое го управувал С.Б., додека Х.С. бил патник, пронајдени се двајца имигранти од Пакистан“

 

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопштува дека вчера (08.04.2026) околу 23:30 часот, на автопатот А1, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранична контрола и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода С.Б. (61) и Х.С. (53), двајцата од Косово.

„При претресот во возилото „Шкода Рапид“ со национални косовски регистарски ознаки, кое го управувал С.Б., додека Х.С. бил патник, пронајдени се двајца имигранти од Пакистан“.

„Лицата се приведени во полициската станица, додека мигрантите и возилото се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен извештај“, велат од Министерството за внатрешни работи. Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top