Македонија

Бојкот, раскол или бунт во СДСМ, пратениците не се појавиле на работното место

Каква порака испраќаат народните претставници од Собранието?

Се случува ли бојкот, раскол или бунт во СДСМ откако денеска пратениците од оваа партија не се појавиле на работното место?

 

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на повидок нов раскол во СДСМ откако вчера ниту беше избрано новото раководство во кое речиси да нема пратеници.

Петрушевски прашува дали пратениците испраќаат порака до некого.

 

,,Денес, ниту еден пратеник од СДС не присуствува на собраниската седница. Дали е случајност или некому испраќаат порака?

 

Особено што вчеравечер Филипче го објави новиот тим на СДС во кој речиси и да нема актуелен пратеник. Очигледно, незадоволството не може да се сокрие.

 

Кога внатрепартиските калкулации им се поважни од институциите, резултатот ќе е уште подлабока криза во редовите на опозицијата”, пишува Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top