Македонија

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, гостуваше во емисијата „Перспектива“ на телевизија Њузмакс Балканс каде дискутираше за актуелните случувања во државата, при што се осврна и на евроинтеграцискиот пат на Македонија и ја истакна неуморната посветеност и заложбите на Владата за исполнувањето на чекорите од Реформската агенда кои како што вели Бојковска, претставуваат доказ за европската интеграција и европската посветеност на нашата земја.

„Ние секој пат истакнуваме дека Копенхагеншките критериуми се основниот постулат на Европската Унија и цениме дека нашето место во Европската Унија треба да биде согласно Копенхагеншките критериуми, а доказ за европската интеграција и европската посветеност на нашата земја е токму исполнетоста на Реформската агенда“, рече Бојковска.

Бојковска истакна дека иако Македонија бележи успеси на државно ниво кои се забележани и од самата Европска Унија, сепак во Република Македонија, за жал, има политички субјекти кои, како што вели таа, се обидуваат го засенат истото и додаде дека ваквото однесување за неа е поразително, бидејќи очигледно е дека има отсуство на национална гордост. Таа напомена дека со Реформската агенда за нашата држава се предвидени 750 милиони евра средства за до крајот на 2027 година, од кои 250 милиони евра се грант, а целта на Владата е спроведување на реформите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува и како може да се постигнуваат значителни успеси“, кажа Бојковска и додаде:

„Од првиот ден одиме на тоа дека сè ќе направиме за да ги спроведеме реформите во нашите институции и во нашата држава, за да ги добиеме средствата и да можеме да го подобруваме животот на граѓаните. Важно е да се напомене дека Европската Унија не дава средства и не одобрува средства на неспроведени реформи, доколку се спроведат во определен рок којшто ни е зададен во Реформската агенда, веднаш по исполнувањето на чекорите нашата држава добива одобрена транша“.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top