Македонија

Мицкоски: Сериозно се подготвуваме за локалните избори, кои се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктурира

На 3 септември Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе одржи седница, на која ќе бидат познати останатите кандидати за локалните избори, што ќе се одржат во октомври.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори, со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи започнатата реформската агенда. 

„Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања, затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија. Затоа велам дека и покрај тоа што бројките покажуваат дека Коњановски е победник уште во првиот круг и оти победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива, ние до последен момент ќе се трудиме да обезбедиме глас повеќе, да убедиме уште повеќе граѓани да излезат на овие избори, бидејќи само на тој начин можеме да ја потврдиме реформската агенда на Владата.“ – нагласи Мицкоски.

Според него, претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција. „Локалните избори за нив се загубени и таму ќе престои процес на реструктуирање, внатрешна катарза, којашто им ја препорачувам, за да се ослободат од некои, би рекол, стари времиња и да можат да бидат конструктивна опозиција, па да работиме заедно за интересот на граѓаните.“ – посочи Мицкоски во изјавата за медиумите, дадена денеска при посетата на РЕК „Битола“.

Тој најави дека на 3 септември Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе одржи седница, на која ќе бидат познати останатите кандидати за локалните избори, што ќе се одржат во октомври.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top