Македонија Бизнис

Британска амбасада: Договорот со Македонија е зајакнување на пријателството и економскиот раст и развој

На официјалниот Фејсбук-профил на Британската амбасада осамна вест која јасно ја потврдува големината и суштината на историскиот договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Во објавата се наведува дека премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, остварил средба со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на Самитот на Европската политичка заедница, на која […]

На официјалниот Фејсбук-профил на Британската амбасада осамна вест која јасно ја потврдува големината и суштината на историскиот договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Во објавата се наведува дека премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, остварил средба со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на Самитот на Европската политичка заедница, на која го поздравил потпишувањето на новото стратешко партнерство како важен чекор за продлабочување на односите меѓу двете држави.

Македонија ќе има голема корист и ова е значаен партнерски договор кој ќе и помогне на земјата и во евроинтегративниот процес смета пораншениот амбасадор на земјава во Обединетото Кралство. Државата ќе треба мудро да одигра со помошта која ја нуди овој договор за да се унапреди во процесот на интегрирање.

Во објавата се истакнува дека овој историски договор претставува важно достигнување кое ќе го забрза неповратно економскиот развој на Македонија. Се потврдува и зголемената соработка во областите на трговијата, безбедноста и одбраната, како и заемната посветеност на регионалната стабилност.

Оваа објава на Британската амбасада е уште една официјална потврда дека лагите брзо паѓаат, а вистинските стратешки партнерства остануваат и ја носат Македонија напред. Ова е трет договор за стратешко партнерство по тие со САД и Турција.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

To top