Македонија

Зошто Бугарија ја загрозува безбедноста на семејството на премиерот Мицкоски?

Дали деталите за обезбедувањето на семејството на Мицкоски, возилата, комуникациските уреди и вооружувањето дошле до мафијашки или други радикални групи

Премиерот Мицкоски оценува дека објавувањето дипломатска нота за патување на неговото семејство во Пампорово ги радикализира односите со Бугарија.

За случајот, премиерот рече дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО, бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство. Тој им се извини на сопругата и на помалиот син што „мора сето ова да го трпат“.

Опасниот преседан на официјална Софија може да предизвика сериозни последици доколку овие информации дошле до мафијашки или други радикални групи.

Засега властите во Бугарија молчат за инцидентот кој во опасност го става семејството на Мицкоски.

Доколку се работи за свесна скриена закана и порака од Софија тогаш ова прашање ќе треба да се отвори и во ОБСЕ и во ЕУ и НАТО.

Инаку, дипломатската нота за која говори Мицкоски е допис со кој македонската амбасада во Софија го информира Министерството за надворешни работи на Бугарија дека сопругата и еден од синовите на премиерот ќе патуваат во Пампорово, Бугарија. Известувањето, кое минатата недела е објавено на Фејсбук, е од 6 јануари годинава, а се однесува на патување два дена подоцна, односно на 8 јануари.

Дипломатскиот документ минатата недела беше објавен од група на социјалните мрежи, а вчера и завчера на него се повика веб-портал, кој во сугестивен наслов прави споредба меѓу ставовите на Мицкоски за спорот со Бугарија и патувањето на неговото семејство во Пампорово.

Како што може да се види во дипломатскиот документ, објавен од групата „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македонија“, во него, покрај датумот на патувањето, е наведено приближното време кога сопругата и помалиот син на Мицкоски ќе ја преминат границата меѓу Македонија и Бугарија, како и детали за нивното обезбедување – имињата на неговите членови, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди и вооружувањето што го носат со себе.

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува позитивен развој на односите со Бугарија, туку смета дека состојбата се радикализира. Како причина за ваквата констатација тој го наведе објавувањето во јавноста на дипломатска нота за неколкудневен престој на неговата сопруга и помалиот син во Пампорово, Бугарија, на почетокот на оваа година.

„Па, јас не очекувам, туку сигналите коишто доаѓаат оттаму не ме прават оптимист, напротив, состојбата се радикализира. Еве вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тридневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши паријатели, да речеме, во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква. Замислете сега ние да ги вадиме сите дипломатски ноти коишто ги испраќаат од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти пишуваат работи коишто можеби исто така би биле интересни за јавноста. Така што вчера видов еден преседан“, рече денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

За случајот, премиерот рече дека веќе ги информирал партнерите на Македонија во НАТО бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство. Тој им се извини на сопругата и на помалиот син што „мора сето ова да го трпат“.

Мицкоски оцени дека од Софија доаѓаат потези кои се аматерски и, според него, нејасни, неразуми и не одат во насока на подобрување на односите меѓу двете земји.

„Сепак ние сме земја членка на НАТО. Јас ја користам оваа прилика и на мојата сопруга и на мојот помал син Антонио да им се извинам што мора сето ова да го трпат. Но, сите овие индикатори коишто ги гледаме не велат дека одиме кон подобрување, туку напротив, имаат некои аматерски потези коишто за мене се тотално неразумни и нејасни, но, како и да е, ние да си останеме фокусирани на тоа што е наша задача, а тоа е да испорачуваме за Реформската агенда, да ги правиме реформите дома, да ја градиме економијата, да раснеме итн. Тоа е она што претставува наша задача како влада, тие нека си ја тераат својата работа, ние работата за којашто сме бирани од граѓаните, а тоа е да испорачуваме проекти и да решаваме проблеми“, изјави Мицкоски.

Мицкоски ова го кажа по настан за промоција на учебници во основно училиште во Скопје, каде што беше прашан дали очекува некаква промена во односите со Бугарија, а во контекст на денешното учество на претседателот на Собрнието, Африм Гаши, на конференција на ПСЈИЕ во Софија, во чии рамки ќе има билатерална средба со претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Милчева-Доцова.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top