Македонија

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги Вaлканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници

БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“.

Настанот, кој се одржа на Градскиот стадион во Крива Паланка, ги обедини рударите и тимовите од „Тораница“ и „Злетово“. На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги Вaлканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници.

Свеченоста беше посветена на рударите и на сите тимови кои со своето знаење, искуство, храброст и одговорност го овозможуваат непреченото функционирање на двата рудника. Беше оддадено признание на луѓето кои работат во јамите, флотациите, геологијата, одржувањето, лабораториите, транспортот, безбедноста, администрацијата и останатите служби вклучени во производствениот процес.

Во рамките на програмата, на 164 вработени им беа доделени јубилејни статуетки и награди за нивната долгогодишна работа, лојалност и придонес во обновувањето и развојот на „Тораница“ и „Злетово“. Признанија добија и најдобрите рудари, кои со својата професионалност, дисциплина и одговорен однос претставуваат пример за своите колеги.

Пред повторното отворање, двата рудника се соочуваа со прекинат производствен процес, запоставени објекти, застарена механизација и неизвесност за иднината на работните места. Со вложување капитал, знаење и организација, производството беше обновено, стручните кадри беа зачувани, а рудниците повторно станаа значајни економски и општествени столбови на Крива Паланка и Пробиштип.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

To top