Македонија Бизнис

„Чагатај Кабло“ ќе го проширува производството- инвестицијата е вредна 6 милиони евра

Турската компанија „Џагатај Кабло“ која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1  утре почнува изградба на нов погон, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. Со новата фабрика, компанијата планира да воведе најсовремена технологија и методи за производство, со што планира да ја зајакне својата позиција на пазарот и ќе ги задоволи зголемените барања […]

Турската компанија „Џагатај Кабло“ која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1  утре почнува изградба на нов погон, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Со новата фабрика, компанијата планира да воведе најсовремена технологија и методи за производство, со што планира да ја зајакне својата позиција на пазарот и ќе ги задоволи зголемените барања на своите клиенти.

„Имаме процес инвестициски, во периодот кој што ќе следи новата инвестиција ќе биде утре. Тоа е турската компанија „Чагатај кабло“ која што веќе функционира но тие ќе најават проширување. Дополнителна инвестиција од 6 милиони евра , за нови 200 вработувања. Ќе направат нов погон во кој што ќе го прошират својот произведен асортиман“ – изјави денеска премиерот Мицкоски. 

„Џагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top