Македонија

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Борбата продолжува

До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Таму се работи за шумски пожар каде што, според ЦУК, нема активен пламен, само чад во карпест дел.

Активни се и пожарите во местото Преовце во општина Куманово и во село Ругинце во Старо Нагоричане, на двете локации е зафатена ниска вегетација.

Под контрола се шест пожари, од кои пет се во општина Македонски Брод: с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); с. Слатина (мешана шума); с. Слатина кај Слатински Извори (нискостеблеста мешана шума); во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација) и
помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Под контрола е и пожарот помеѓу селата Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар) во Општина Чучер Сандево.

Двата локализирани пожара за кои соопштува ЦУК се во село Бешиште, место викано Бешишки Рид во општина Прилеп (приземен во мешана шума) и во село Делисинци во Свети Николе (ниска вегетација, стара напуштена куќа).

Според известувањето на ЦУК за состојбата до 12.30 часот, изгаснати се пожарите кај црквата „Света Троица“ во Чучер Сандево (ниска вегетација) и во село Белица во Македонски Брод (нискостеблеста шума).

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top