Македонија

Да решаваа Димитров и Заев најдобриот македонски глас ќе беше грчки Македонец

Според свидетелството тој е роден во град СОЛУН, држава ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Да решаваа Димитров и Заев и да беше жив најдобриот македонски глас на сите времиња Симеон Гугуловски ќе беше грчки Македонец.

Оперскиот првенец кој пееше и народни и авторски песни според Преспанскиот договор кој сега го бранат Никола Димитров и Зоран Заев е човек со поделена националност затоа што претходната влада на СДСМ се согласи Македонците во Грција да бидат прогласени за Хеленски Македонци.

Според свидетелството издадено во 1955 година што го објавува синот на Симеон Гугуловски, Гоце, тој по народност е  МАКЕДОНЕЦ, а има југословенскио државјанство.

Според свидетелството тој е роден во град СОЛУН, држава ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА.

 

 

,,Денес некои новокомпонирани политички проститутки сета оваа историја ја распродаваат за ситни пари, ја негираат, ја оставаат во заборав, ја заташкуваат….

НИКОГАШ не смее да се заборави историјата на нашите предци!

Никогаш не смее да се заборави историјата на МАКЕДОНИЈА”, пишува Гоце Македонски Гугуловски откако пред два дена Никола Димитров жестоко го бранеше Преспанскиот договор со кој сите Македонци родени во Егејска станаа Грчки Македонци.

 

Меѓу нив е и неговото татко Димитар Димитров.

 

Тенорот Симеон Гугуловски е роден во 1941-та во Солун – Егејскиот дел на Македонија. Потекнува од галичко печалбарско семејство кое се доселило во Солун. Но виорот на војната и антимакедонската политика на Грција прават Гугуловски и неговото семејство да го напуштат Солун и се преселат во Скопје.

 

Подоцна Симеон станува првенец на македонската опера. Но зад себе остава бесмртни вокални дела како: Народе македонски; Земјо македонска; Македонско име нема да загине и други…

 

Никола Димитров со гордост го брани Преспанскиот договор

,,Леле, леле, о Боже” – Зажали ли Димитров што излезе на мегдан со Илија Димовски (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top