Македонија

,,Леле, леле, о Боже” – Зажали ли Димитров што излезе на мегдан со Илија Димовски (ВИДЕО)

Човек со малку совест никогаш повеќе не би се занимавал со политика или дипломатија

,,Леле, леле” и ,,О Боже” беа дел од изразите кои ги користеше екс министерот за надворешни работи Никола Димитров во дебатата со Илија Димовски на Канал 5.

 

Политичар со високо ниво на емоционална интелигенција сигурно ќе зажалеше што од Димовски ги слушна аргументите за неговата работа при договарањето и потпишувањето на Преспанскиот договор но Димитров вчера јавно не кажа дали зажали што излезе на мегдан со Илија Димовски.

 

Ако се суди според иронијата што ја користеше, максилофацијалната експресија инструментите со кои се спротивставување на аргументите  на Димовски Димитров не жали но полека сфаќа зошто не може да собере доволно луѓе за формирање на партија и зошто е еден од најмалку почитуваните македонски политичари во историјата на Македонија каде омразата кон тие што цел живот живееле на државна сметка и политиката генерално е огромна.

 

Човекот што возеше скапи мотори со Заев додека нацијата беше во плач од промената на името вчера во десетина наврати доби такви вербални шлаканици поради кои човек со малку совест никогаш повеќе не би се занимавал со политика или дипломатија.

 

Како Илија Димовски го разнебити Димитров во видеата на Само Вистина

 

 

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top