Македонија

Да се запре иселувањето обезбеден најголем буџет за образование досега

Во 7 изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина

Во 7 изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие податоци дискутиравме веднаш по преземањето на мандатот и заедно со премиерот и министерката за финансии, одлучивме да обезбедиме најголем буџет за образование досега, за негов развој и со тоа, да го елиминираме од групата на фактори кои го поттикнуваат населението да се иселува од сопствената држава.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната конференција со наслов „Демографски предизвици и можни решенија“ во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а на која учествуваа претседателот на Владата и повеќе министри, претставници на Фондот за население на Обединетите Нации и експерти за демографски политики.

„Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување. Мора да бидат сфери кои ќе им овозможат на младите квалитетен процес за лична наобразба, но и сфери каде тие ќе остваруваат работен ангажман, во образовните и во научните установи“, рече Јаневска, додавајќи дека за повеќе образовни и научни можности, буџетот на министерството оваа година е најголем досега.

„Го јакнеме ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме мерки и финансиска поддршка која во минатото не постоеше, особено за талентираните деца да можат да учествуваат на големи натпреварувања. Го зголемивме обемот на стипендиите, проширивме опфат на повеќе ученички и студентски права. Го усогласуваме образованието со потребите на пазарот на труд, за да можат младите во кратко време да најдат работа и економски да се осамостојат“, рече министерката, додавајќи дека во фаза на изработка е нов Закон за високо образование кој ќе предвиди можност за вработување на најдобрите студенти од секоја генерација на државните универзитети.

Информираше дека двојно е зголемена поддршката за науката и за научно – истражувачки проекти кои се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација, потенцирајќи дека младите научници веќе ги знаат и областите во кои има повеќе можности за просперитет и за придонес кон развој на државата.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

To top