Македонија

Дал 10.000 евра за лажна сообраќајка

Му кажале дека негова внука предизвикала сообраќајка со смртни последици

Министерството за внатрешни работи соопштува дека на 19.09.2025 година, во 21:00 часот, во Полициската станица во Скопјe, 77-годишен маж од Куманово пријавил дека истиот ден едно лице му се јавило на фиксен телефон, претставувајќи се како полицаец, и му кажало дека неговата внука предизвикала сообраќајна несреќа каде што удрила дете кое починало, додека неговата внука е повредена и се наоѓа во болница во Скопјe.

Пријавениот дошол во Скопјe и, според упатствата дадени од лицето, оставил кеса со околу 10.000 евра во корпа за отпадоци покрај клупите во близина на „Жена парк“.

Подоцна, лицето сфатило дека е измамено и дека не се случила сообраќајна несреќа. МВР вели дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Најнови вести

To top