Македонија

Денес на СВП читања меѓународна и македонска поезија и претставување на Иван Штрпка од Словачка, добитникот на „Златниот венец“ за 2025

На плоштадот во Охрид, на сцената кај споменикот на Св. Климент, денес во 21 часот ќе започнат „Созвучјата“ – меѓународното поетско читање

Денес, на 23 август 2025 година во рамки на третиот ден на Струшките вечери на поезијата со почеток во 10 часот во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта – Охрид ќе биде одржано „Матине“ – меѓународно поетско читање.
Во 11 часот и 30 минути следи поетско читање „Современа македонска поезија“ во хотелот „Дрим“.

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година ќе биде прогласен на прес-конференција во 12 часот во хотелот „“Дрим“.

Добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2025 година ќе биде претставен во 14 часот и 30 минути во хотелот „Дрим“

Денес во 19 часот ќе биде претставен поетскиот портрет на лауреатот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година Иван Штрпка од Словачка.

На плоштадот во Охрид, на сцената кај споменикот на Св. Климент, во 21 часот ќе започнат „Созвучјата“ – меѓународното поетско читање

На летната сцена на Центарот за култура во 23 часот и 45 минути утре ќе биде одржана и музичко-поетската изведба „Ноќ без интерпункција: прв дел – вино и поезија, втор дел – Енхалон.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top