Македонија

Силјановска-Давкова: Струшката поетска приказна е најдобриот пример на Делчевиот културен натпревар меѓу народите во ова време на судири и војни

Потсетувајќи ги, како што рече, „оние, кои не веруваат во силата на зборот“, шефицата на македонската држава укажа во својата реч дека „на почетокот беше речта, а потоа забранетите книги“. „Меѓу нив е и Абецедарот, издаден во 1925 година во Атина, под притисок на Лигата на народите, којшто бил веднаш запленет и уништен, токму поради моќта на зборовите да го оживеат македонскиот јазик и идентитет кај децата – Македонци.“ – нагласи Гордана Силјановска-Давкова.

„Живиот збор, поетскиот збор, учи, преобразува. Во него лежи и од него извира силата на поетската република, на Струшките вечери на поезијата. Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства.“ – нагласи претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова во својата реч, прогласувајќи ги синоќа како отворени годинашниве 64-ти Струшки вечери на поезијата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Претходно, во текот на вчерашниот ден со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка, започнаа активностите на овој светски познат фестивал на поезијата во Струга. Беше одржана и прес-конференција со лауреатот Иван Штрпка.

Струшките вечери на поезијата  ќе траат до 25 август и на нив ќе бидат застапени 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, Република Македонија и регионот на Балканот. 

Исто така, при свеченото отворање на оваа поетска манифестација во своето обраќање шефицата на македонската држава Силјановска-Давкова, ги потсети, како што рече, „оние, кои не веруваат во силата на зборот“, дека „на почетокот беше речта, а потоа забранетите книги“. „Меѓу нив е и Абецедарот, издаден во 1925 година во Атина, под притисок на Лигата на народите, којшто бил веднаш запленет и уништен, токму поради моќта на зборовите да го оживеат македонскиот јазик и идентитет кај децата – Македонци. Или, сетете се на браќата Миладиновци, но и на другите преродбеници, коишто самопрегорно ги собирале и ги запишувале народните зборови, песни, обичаи, гатанки и приказни, за да ги зачуваат од заборав и исчезнување. Ако зборовите немаат моќ, зошто моќниците од секоја историска епоха се обидувале да ги контролираат нив и нивните творци, од Овидиј, па до Лорка?“ – посочи Сиљановска-Давкова.

Според неа, струшката поетска приказна е „најдобриот пример и модел на Делчевиот културен натпревар меѓу народите, особено актуелен во ова ужасно конфликтно и воено време“.

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова се наврати и на историјатот на создавањето на Струшките вечери на поезијата во 1961 година, кога група македонски поети се собрале во Струга, за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Таа го поздрави враќањето на најважните белези на Струшките вечери на поезијата: читањето кај споменикот на „Свети Климент“ во Охрид, поетското пловење и рецитирање во Свети Наум и поетското утро во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“. По свеченото отворање „Струшките вечери на поезијата“ синоќа продолжија во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Насоченоста на годинашново издание на струшкиот поетски фестивал е на глаголицата. Токму затоа, за неговото претставување беа подготвени графички и видео содржини, кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонт, кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку првите преводи на она, што е познато како старословенски јазик. Сообразно со ваквиот концепт на СВП 2025 е и изложбата „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ на графичкиот уметник Лазе Трипков во хотелот „Дрим“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top