Македонија

„Од сон до реалност, за вечност“

Утре во 10:00 часот по повод 8 Септември- Денот на независноста

влада на РМ

Утре во 10:00 часот по повод 8 Септември- Денот на независноста, ќе се одржи Свечена академија во Македонска филхармонија под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“.

На Свечената академија свое обраќање ќе има Христијан Мицкоски, претседател на Владата.

Од Владата информираат дека по повод одбележувањето на Денот на независноста 8 Септември ќе се положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, и на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев

Најнови вести од: Македонија

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top