Македонија

Денко Малески признава: Во септември 1991 предлагал Сојуз на суверени Југословенски држави

Според прознанието на Малески на 12 месеци пред прогласување на независноста на Македонија тој се залагал за сојуз на суверени држави на републиките од Југославија

Во својата последна колумна која ја пренесува Либертас првиот министер на независна Македонија Денко Малески признава дека на крајот на 1991 предлагал Сојуз на суверени Југословенски држави.

Ова се случило за време на Мировната конференција за Југославија, позната и како Хашка конференција, која започна на 7 септември 1991 година под претседателство на британскиот дипломат лорд Питер Карингтон.

Таа беше организирана од страна на Европската заедница (ЕЗ) со цел да се спречи војната и да се најде решение за кризата во поранешна СФР Југославија.

,,Јас, на четириесет плус, „наследникот“ на либералите, немав дилеми за тоа што е во најдобриот интерес на Македонија и, со образложение, напишав дека исходот треба да биде сојуз на суверени држави. Тоа беше на самиот почеток на Конференцијата кога Карингтон работеше само со министрите за надворешни работи, за подоцна да ги повика и претседателите. На крајот на Конференцијата која траеше половина година на масата се најде документот на Карингтон за создавање на лабава асоцијација, за сојуз на суверени држави чии претседатели и претставниците на другите политички институции би се состанувале периодично, по угледот на ЕЗ. Сите претседетели на југословенските републики, вклучувајќи го и Киро Глигоров, се разбира, го потпишаа документот на Карингтон освен српскиот претседател Слободан Милошевиќ кој одби и демонстративно стана од масата. Но, меѓународниот фактор беше веќе увидел дека нема да има договор меѓу народите, ја констатира дисолуцијата на Југославија и, на почетокот од 1992, Арбитражната комисија на Бадинтер излезе со свое правно мислење дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат условите да бидат признаени од државите-членки на ЕЗ. За независноста на другите републики требаше да се почека до разврзувањето на сложените јазли на нивните внатрешни и меѓусебни односи”, пишува Малески во колумната.

План на Карингтон беше проект кој предвидуваше трансформација на Југославија во лабава асоцијација на суверени и независни држави.

Во рамки на оваа конференција беше формирана Арбитражна комисија предводена од Роберт Бадентер, која заклучи дека СФРЈ е во процес на дисолуција.

Конференцијата формално заврши со оставка на лорд Карингтон во август 1992 година, по што процесот се префрли на Лондонската мировна конференција под заедничко покровителство на ЕЗ и Обединетите нации.

Според прознанието на Малески на 12 месеци пред прогласување на независноста на Македонија тој се залагал за сојуз на суверени држави.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top