Македонија

Дигитализацијата ќе ја олесни процедурата за вадење дозвола за оружје

Законот во моментов е во собраниска процедура и трпи промени односно со амандмани ќе се корегираат дадените забелешки

Електронските услуги во МВР ќе се зголемат, а со тоа ќе се олесни извадавање на дозволите за оружје иако рокот на важноста се крати од 10 на пет години. За година и пол биле решени 15 илјади предмети, што е пет пати повеќе од просекот во изминатите пет години.

Во следниот период ќе се воведе електронско барање за дозвола за оружје за правни и физички лица, а во е-форма ќе биде достапно и потврда за оружје од Д категорија.

Расте интересот од граѓаните за набавка на оружје кои во изминативе години ја изгубиле важноста на дозволата, или три кратко повеќе барања пристигнале во МВР, што е доказ дека граѓаните ја согладуваат разликата во брзо решавање на предметите вели помошник министер Јован Алтанџиев.

„Минатата година,2025 година, имаме рекорден број на продолжени дозволи за оружје. Тоа пред се, се должи на делуманата дегитализација која ја направи министерството, потоа поврзување на евиденциите на министерството со судовите. Граѓаните знаат дека многу предмети од минатото беа заглавени поради неажурност и на судската власт во државата. Понатаму планираме поврзување и со здравствените власти, со цел лекарските уверенија да ги добиваме електронски. Така што паралелно се прават повеќе чекори со цел побрзо и поефикасно постапување на службите од МВР во постапките за продолжување на дозволата за оружје“, изјави Алтанџиев.

Со законот се отвара можност за сите кои не успеале до сега да си ги продолжат дозволите за оружје или го добиле во наследство, да го легализираат во рок од една година, што досега беше само два месеци.

„Глобите се одмерени согласно законот за прекршоци. Но секако оружјата не се одзема. Рокот за шест месеци пред истекот на важноста на дозволата, е намерно така поставен – зошто – затоа што постапката за продолжување трае шест месеци и затоа нормирање барањето да се поднесе шест месеци пред истекот на постојната дозола со цел некој да не поднесе ден два пред истекот на дозволата, и во текот на постапката да ја изгуби важноста. Де факто би поседувал оружје на нелегален начин“, изјави Алтанџиев.
Сепак може да има корекции во одредени казни велат од Ловечката федерација на Македонија. Тие уште во подготовката ги дале своите забелешки а добар дел од нив биле имплементирани. Како предлог и во законодавниот дом побараа да се зголеми бројот на парчиња оружје кое ги поседува еден човек, односно за ловците тоа да надминува 10 парчиња.

„Се коси со Уставот и со член еден од Протоколот кој што е ратификуван кон Конвенцијата за заштита на човековите права бидејќи со Уставот сопственоста е загарантирана. Во Македонија има ловци кои што активно ловат, автотони и алохтони видови на дивеч во Македонија и во странство, така да има потреба од повеќе од 10 парчиња оружје“, изјави Алексовски.
Ловџиите реагираа и на рокот на важноста на дозволите, а побарале и да остане замената на оружје по вид.

„Бараме во оваа фаза, имплементацијата на оваа одредба, пререгистрација на ловечкото оружје да почне да важи од денот кога Македонија ќе влезе во полноправно членство во ЕУ и тогаш нашите граѓани, нашите ловци ќе имаат можност слободно да набавуваат оружје само со лична карта“ рече Влатко Алексовски, Преседател на Ловечката федерација на Македонија.

Законот во моментов е во собраниска процедура и трпи промени односно со амандмани ќе се корегираат дадените забелешки.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top