Македонија Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме плус 600 милиони денари за локален развој и реализација на општинските проекти

Собранието ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, […]

Собранието ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се обезбедија 242,3 милиони дополнителни средства во Министерството за социјална политика, демографија и млади за надоместоци за социјална заштита.

  • „Станува збор за обезбедување средства за реализација на инвестиции во општините што е дел од нашиот концепт за развој, особено развој на локално ниво. Дополнителни 600 милиони денари се ставаат на располагање на општините за инвестиции кои ќе значат подобри услови за живот на граѓаните и подобри услуги од општините. Целта на Владата е поддршка на локалниот развој и истовремено поддршка на економскиот раст. Средствата со Одлуката ги распределуваме во буџетите на надлежните институции од каде ќе се трансферираат средствата кон општините согласно динамиката на реализација на проектите“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа појасни дека со донесената Одлука од страна на Собранието средствата се распределуваат во Министерството за социјална политика, демографија и млади каде се дополнуваат 100 милиони денари, во Министерството за образование и наука 361,2 милиони денари, Министерството за спорт 62,4 милиони денари и Министерството за култура 60 милиони денари. Ова е согласно пристигнатите и одобрени проекти на Вториот јавен повик на кој општините доставија проекти за реализација.

Имено, дел од планираните средства за реализација на проектите за локален развој, кои се имплементираат од страна на општините, беа распределени со иницијалниот Буџет за 2025 година во соодветните министерства. Дополнувањето е согласно доставените и прифатени проекти на вториот повик за поддршка на општински проекти.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Стефаноски: СДСМ, западнат во очај и хистерија, го гледа како млада невеста „потенцијалот“ на комшијата, а не на сопругот дома! (ВИДЕО)

Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Најнови вести

To top