Македонија

Димитриовски: Од скопскиот отпад може да се произведува биогас

Мора да почнеме отпадот да го третираме како ресурс, вели претесетаделот на Советот на Град Скопје

Нашата вистинска цел е отпадот да престанеме да го гледаме како ѓубре. Мора да почнеме да го третираме како ресурс. ​Затоа ќе инсистираме на системско селектирање на пластика и стакло. Крајната визија е од собраниот отпад да произведуваме биогас. ​Ќе создаваме нова вредност наместо да полниме депонии. Тоа е вистинскиот пат до чисто Скопје какво што го сакаме! – објави претесетаделот на Советот Даме Димитровски на неговиот профил на Фејсбук.

Тој информираше дека Советот на Град Скопје одобри набавка на 19 нови возила за јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

„ Со нив драстично ќе го подобриме собирањето на отпадот. Следниот чекор е целосна замена на старите контејнери. ​Но, навременото чистење е само почеток“ рече тој најавувајќи дека од собраниот отпад може да се произведува биогас.

Најнови вести од: Македонија

To top