Македонија

Димитровски – Кирхабум: Германија бара механизам во ЕУ за надминување на билатералните блокади на проширувањето

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Берлин на маргините на министерската конференција на Обединетите нации за мировни операции Берлин 2025, оствари средба со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Гунтер Кирхбаум. Признавајќи го напредокот што земјата го има постигнато во спроведувањето на реформите и унапредувањето на европските […]

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Берлин на маргините на министерската конференција на Обединетите нации за мировни операции Берлин 2025, оствари средба со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Гунтер Кирхбаум.

Признавајќи го напредокот што земјата го има постигнато во спроведувањето на реформите и унапредувањето на европските вредности, министерот Кирхбаум изрази верување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.

Соработката и солидарноста остануваат клучни принципи на патот кон ЕУ и укажа дека остануваат посветени на поддршката на процесот на проширување, кој придонесува за стабилност, просперитет и заеднички развој во регионот.

Министерот Кирхбаум истакна дека германската влада ќе се залага за изнаоѓање механизам во ЕУ за надминување на блокадите на процесот на европска интеграција на земјите кандидати со билатерални прашања и додаде дека проширувањето треба да биде процес на заслуги.

Заменик министерот Димитровски се заблагодари на досегашната поддршка од Сојузна Република Германија за полноправно членство на РС Македонија во ЕУ.

Изрази очекување за продолжување на досегашната помош и поддршка за одболокирање на процесот на ЕУ интеграција на РС Македонија и за надминување на сегашната ситуација и укажа на потребата од изнаоѓање компромисно решение, напоменувајќи дека од наша страна се направени многу отстапки во минатото и дека е време на земјата да и се понуди предвидлив пат до полноправно членство во ЕУ.

Двајцата соговорници се согласија за важноста од исполнувањето на копенхашките критериуми како најважни услови за полноправно членство во унијата.

Најнови вести од: Македонија

Мисајловски: Постигнат е значаен напредок за развојот на Балканските медицински сили

Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека во изминатиот период е постигнат значаен напредок во развојот на капацитетите на Балканските медицински наменски сили (БМНС), регионална иницијатива од големо значење. На денешниот состанок на земјите-членки на БМНС во Брдо, Словенија, било разговарано за натамошниот развој, поголемата видливост и преземањето нови одговорности на оваа регионална иницијатива. – […]

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top