Македонија

Димитровски за УКРАИНФОРМ: Размена на територии отвора врата за нови окупации

Најдобра гаранција е Украина да влезе во НАТО, но напомена дека е разбирливо дека тоа не е можно во моментов

Евентуална промена на границите, доколку биде легитимизирана од меѓународните тела, би воспоставила опасен преседан, отежнувајќи им го на другите држави спротивставувањето на идни случаи на отцепување или окупација.

Ваквите дејства би биле беспримерни и дестабилизирачки, истакна заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во интервју за УКРАИНФОРМ, осврнувајќи се на мировната иницијатива за ставање крај на конфликтот.

Во разговорот, Димитровски, меѓу другото, зборуваше за тоа како Македонија гледа на гаранциите за мирот во Украина, за можноста за заеднички воени вежби во иднина, како и за поддршката што нашата држава ѝ ја дава на Украина.

„Украина ја поддржуваме од самиот почеток на војната, всушност ја поддржуваме од 2014 година по анексијата на Крим од страна на Русија и не многу држави во светот ја изразија својата загриженост поради тоа. Најдобра гаранција е Украина да влезе во НАТО. Ние ги поддржуваме мировните иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, но мора да бидеме внимателни што ќе произлезе како резултат од оваа мировна иницијатива. Со нетрпение ја чекаме средбата меѓу претседателот Зеленски и рускиот претседател Путин со цел да се постигне траен и праведен мир. Така што од почетокот, ние говориме за праведен и траен мир и тоа го вклучува и територијалниот интегритет на Украина“, посочи Димитровски.

Тој вели дека постои разбирање дека има територии кои се под окупација, но исто така и дека е мошне тешко да се протера Русија од тие територии кои се окупирани од неа. „Цврсто го поддржуваме принципот на територијален интегритет како фундаментално меѓународно право. Какви било менувања на границите, ако се летитимизира од меѓународните тела, ќе постави опасен преседан, правејќи екстремно тешко за другите земји да се спротивстават во идни случаи на секцесија или окупација. Таквите акции ќе бидат без преседан и дестабилизирачки. Препознаваме дека некои украински територии се под окупација и не можат да бидат повратени со сила засега. Како и да е суштински е Украина никогаш да не ги прифати овие територии како загубени. Така што во таа насока ве поддржуваме, дека тие се окупирани од други нации, како и дека геополитиката се менува со текот на времето“, рече Димитровски.

Тој исто така додаде дека не знаеме што точно ќе се случи по 10, 15, 20, 40 години, а што се однесува до гаранциите, вели дека Северна Македонија смета дека Украина треба да ги добие најдобрите гаранции кои може да ги добие од ЕУ, земјите од Западна Европа, земјите од НАТО и САД. „Исто така разбираме дека Русија има побарувања, односно Украина да не влезе во НАТО. Тие велат тоа е причината за војната. Така што можеме да работиме со тоа. Има други идеи како да и се дадат гаранции на Украина. Особено е важно гаранциите да бидат дадени од најголемите западни сили во светот, САД. Досега американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Америка има волја да даде такви гаранци“, нагласи Димитровски.

Повтори дека сепак најдобра гаранција е Украина да влезе во НАТО, но напомена дека е разбирливо дека тоа не е можно во моментов. „Северна Македонија е земја која е членка на НАТО и разбираме колку е важно за една земја да биде членка на една таква организација, која е чадор. Ако Украина беше членка на НАТО претходно, оваа војна немаше да се случи“, додаде тој.

Во однос на континуираната поддршка кон Украина, Димитровски вели дека за нашата држава таа поддршка и солидарноста се мошне важни не само од морален аспект, туку и од политички. „Како што знаете денот кога Путин ја лансираше агресијата врз Украина, подоцна ја оправда тврдејќи дека Украина не е суверена нација и дури ги оспори украинскиот идентитет, сугерирајќи дека Украинците се во суштина Руси кои станале Украинци. И ние знаеме дека овој наратив е катастрофален и всушност ние сме го искусиле овој наратив низ годините, бидејќи и македонскиот идентитет беше негиран од некои од соседите, нашиот јазик беше негиран, како што е негиран и вашиот украински јазик. Но, ако оспоруваш нечиј идентитет, нечија оригиналност како нација во историска смисла, тоа е всушност однесување карактеристично за Средниот век, а не за 21. век, кога секоја нација треба да има право на суверенитет и развивање на својот идентитет“, нагласи Димитровски.

За воената и хуманитарната помош кон Украина тој посочи дека Македонија од членките на НАТО е петта која дала најголема воена помош, согласно висината на БДП. Нагласи дека ја цени одлуката на НАТО за можност за одржување заеднички воени вежби со украинската армија. „Подготвени сме да партиципираме во какви било вежби доколку има НАТО одлука. Украина ја разви армијата за време на војната, секако и многу жртви беа дадени, но генерално имате воен капацитет, а тоа ќе биде мошне важно за иднината на ЕУ. Нашите две земји се кандидати за членство во ЕУ, ние тропаме на вратата и се поддржуваме едни со други да станеме членки на ЕУ. Како што покажуваат сегашните околности мошне важно е Европа да ја преземе одговорноста за сопствената самоодбрана“, потенцираше Димитровски во интервјуто за УКРАИНФОРМ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

Најнови вести

To top