Македонија Бизнис

Дневници и до 3.000 денари, ама нема аргати за на нива

Земјоделците и ова лето мака мачат да најдат сезонски работници. Младите отидоа на сезонска работа во Хрватска, а оние кои останаа не сакаат да работат на нива. Во земјоделството има константен дефицит на работна сила, особено во лето. И покрај тоа што дневниците не се многу големи, но на оние кои им треба дополнителен приход […]

Земјоделците и ова лето мака мачат да најдат сезонски работници. Младите отидоа на сезонска работа во Хрватска, а оние кои останаа не сакаат да работат на нива. Во земјоделството има константен дефицит на работна сила, особено во лето. И покрај тоа што дневниците не се многу големи, но на оние кои им треба дополнителен приход може да заработат и по 50 евра дневно од садење и берба на земјоделски производи, пренесе Вечер. Земјоделците велат дека постојната работна сила е стара над 55 години и не е продуктивна затоа им требаат младите кои се попродуктивни, имаат повеќе енергија и можат да работат на повисоки температури.

– Плаќаме од 300 до 350 денари од час зависи од фазата на производство. Постојано има потреба од работна сила во земјоделството, бидејќи постојните работници се стари и неможат да работат на топлото. Дневниците не се големи, но и ние не можеме повеќе да ги платиме, бидејќи откупни цени се ниски и немаме загарантиран откуп. Доколку однапред знаеме каде и по која цена ќе го продадеме нашиот производ ќе може повеќе да ги платиме и наемните работници. Меѓутоа ова не работа со која ќе се подмират животните трошоци, туку дополнителна работа која на оние кои имаат слободно време може да им донесе дополнителен приход, изјави за весникот ВЕЧЕР, Диме Димитриевски тутунопроизводител од Прилеп.

Тој вели дека земјоделството е тешка работа и постојано има потреба од работна сила. Во зависност од фазата на производство, односно дали се работи за садење или берба потребата од работа и дневницата е различна. Оние кои се послободни и кои можат да работат по 8 до 10 часа дневно можат да заработат и по 50 евра дневно, што не е малку.

– Младите се попродуктивни и можат повеќе да придонесат во земјоделството, но не сакаат да работат на нива. Апел до оние кои не заминаа на сезонска работа надвор од државата и на кои им треба дополнителен приход да дојдат да работат на нивите, додава Димитриевски.

Од Националната земјоделска мрежа велат дека за разлика од земјите во регионот кај нас нема агенции за ангажирање на работници во земјоделството. Последниве години се ангажираат работници од Албанија претежно во сточарството за чување овци и во овоштарството за берење јаболка, но тоа е стихијно и по потреба.

– Имаме дефицит на работна сила, но поради ниските откупни цени и високите трошоци за производство се помалку се ангажираат наемни работници. Земјоделците се принудени сами да ги работат нивите или да го минимализираат производството. Недостатокот од работна сила е една од причините поради која последниве години драстично се намалија земјоделските површини. Старосната структура во земјоделството е над 55 години. Тоа се луѓе кои се изработени и се помалку продуктивни. Млада работна сила многу тешко се наоѓа поради масовно иселување, како и нивно ангажирање во други поатрактивни и поплатени сезонски работи, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Земјоделците излезот од оваа ситуација го гледаат во повисоки откупни цени и загарантиран откуп за да се обезбеди сигурност и одржливост на секторот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

To top