Македонија

Дојран се наполни за првомајските празници

Викендиците и сместувачките објекти се полни, а денот туристите го искористија за да се рекреираат во паркот

Пониските температури невообичаени за овој период од годината и облачното време не ги предомислија туристите и овој 1 Мај традиционално да го посетат Дојран. Викендиците и сместувачките објекти се полни, а денот туристите го искористија за да се рекреираат во паркот, по патеката или по шеталиштето во Стар Дојран.

Од Општина Дојран очекуваат во наредните три дена сместувачките капацитети да ги задоволат потребите на туристите и велат дека во координација со МВР преземени се сите мерки за безбедност за време на првомајскиот продолжен викенд.

-Општина Дојран во периодот што следи ќе почне со средување на плажите и чистење на крајбрежјето од дрвени столбови кои стојат од порано и кои се опасни за капачите и за туристите, како и на секаков вид на вегетација. Потоа ќе следи попесочување на плажите, така што прогнозата е до почетокот на јуни да имаме средени плажи.

Видео: Скара, алкохол, музика – Излетничките места преполни за 1 Мај

Исто така, ќе се реконструира патеката која е многу оштетена и после секои врнежи се собира воден талог, па пешаците не можат да ја користат. Станува збор за патеката на потегот од пазарот во Стар Дојран до амфитеатарот, изјави градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Како подготовка за претстојната сезона општинските власти ја завршија и постапката за авионска дезинсекција на подрачјето на општината против комарци.

Според надлежните служби во регистерот на Општина Дојран како физички лица се регистрирани 194 приватни сместувачки капацитети, со вкупно 1916 легла од кои со стандардна категорија се 350 соби, а апартмани од категоријата комфорт – 370. Од правните лица се регистрирани 359 апартмани, како и соби и легла вкупно 777 капацитети.

Извор: МИА

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top