Македонија

Докторка примила мито во битолската болница, остра осуда од министерството за здравство

Докторка примила мито во битолската болница  – Оваа информација е потврдена од Обвинителството, пренесува Прес 24  .   Од обвинителството соопштие дека  ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка, а повеќе информации се најавуваат за утре. Претходно за случајот се огласија и од Министерството за здравство од каде упатуваат […]

Докторка примила мито во битолската болница  – Оваа информација е потврдена од Обвинителството, пренесува Прес 24  .  

Од обвинителството соопштие дека  ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка, а повеќе информации се најавуваат за утре.

Претходно за случајот се огласија и од Министерството за здравство од каде упатуваат остри осуди и посочуваат дека е недозволиво коруптивно однесување во здравството.

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство. Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем. Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, велат од МЗ.

Најнови вести од: Македонија

Македонија доби пристап до 4,4 милијарди евра од здравствените фондови на ЕУ – можност за приближување до европските стандарди и политики.

Македонија доби пристап до фондовите за здравство од 4,4 милијарди евра на Европската Унија (ЕУ). Министерот за здравство, Азир Алиу денеска кажа дека потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во програмата „ЕУ фор хелт“ (EU4Health) е значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. Програмата отвора можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг-програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Премиерот Мицкоски посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија. Тој потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција

To top