Македонија

Дом кој ве разбира: Како Samsung Bespoke AI и SmartThings ги претворија моите омразени домашни обврски во чиста уживанција

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација каде, помеѓу работата, семејните обврски и секојдневната логистика, едноставно, не останува време за вас.

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација каде, помеѓу работата, семејните обврски и секојдневната логистика, едноставно, не останува време за вас. Работните денови ми поминуваа помеѓу состаноци, метеж во сообраќајот и бесконечни „to-do“ листи, а одржувањето на домот често стануваше уште една тешка ставка на списокот задачи што ја одработував на „автопилот“.

Во еден момент сфатив дека се изгубив во таа рутина. Сакав да бидам успешна на работа, но и домаќинка на која хаосот не и е „баук“, а притоа да имам време и за себе. Си помислив: „Мора да постои начин ова да биде поедноставно!“. По многу анализи и пребарување решенија, сфатив дека клучот е во паметните сојузници кои ги преземаат оние обврски што искрено ги мразам.

Мојот фрижидер повеќе не е „ноќен кошмар“

Планирањето оброци за мене отсекогаш претставува поголем замор и бара повеќе ментална енергија отколку самото готвење. „Полесно ми е да зготвам отколку да смислам што да јадам“ за мене беше апсолутна вистина. Колку пати ми се случило да дојдам дома со идеја за вечера, само за да сфатам дека намирниците во фрижидерот веќе не се свежи, им изминал рокот или сум заборавила да купам клучна состојка.

Спасот го најдов во Samsung Side-by-Side фрижидерот со SpaceMax™ технологија. Има неверојатно многу простор за сите наши семејни ритуали и намирници, но уште поважно, преку апликацијата SmartThings и опцијата View Inside, можам во секој момент (дури и додека сум во маркет) да погледнам на мојот телефон што точно имам внатре. А бидејќи е од Bespoke AI линијата, фрижидерот е вистински мерак за очи – естетско совршенство кое ја разубавува мојата кујна.

 

 

Крај на „драмата“ со алиштата и правосмукалката

Чистењето ми беше најтешкиот дел од неделата. Влечење кабли, тешки правосмукалки… вистински „тренинг“ што ме оставаше без енергија. Преминот на Samsung Bespoke Jet™ правосмукалката беше пресвртница. Лесна, моќна, со All-in-one Clean Station™ станица која сама го празни садот. Сега чистењето е песна, без планови и нервози.

Слично беше и со перењето. Со Samsung Bespoke AI™ машината, повеќе не „дежурам“ во тоалетот, за да следам дали сум одбрала доволно добра програма за перење, или сум ја згрешила количината на детергент. Со AI Wash функцијата, мојата нова машина сама знае колку детергент е потребен и колку се валкани алиштата. Најдобриот дел? Добивам нотификација на телефонот преку SmartThings дека е готова токму кога завршувам со гледање на омилената серија.

 

 

Мојот „Ас во ракавот“

Најдоброто нешто што го направив за мојата кујна е еден мал, но моќен додаток кој го добив токму навреме. Samsung моментално ја има својата Зимска промоција, која завршува наскоро на 15 февруари. Со купување на избрани модели на фрижидери или машини за перење, добивате ПОДАРОК: Микробранова печка со стаклени врати (20 ℓ), во вредност од 7.499 МКД. Јас ја искористив оваа понуда и можам да кажам дека микробрановата печка стана клуч за брза ужина и едноставност во секојдневието кога секоја минута ми е скапоцена. Ова е вистинска прилика да ја подигнете домашната рутина на ново ниво и да добиете подарок што навистина ви користи.

 

Сè има повеќе смисла кога имаш време за себе

Кога денес ќе го погледнам мојата секојдневие, сфаќам дека правата рамнотежа не е во големите одлуки, туку во паметните избори. Мојот дом сега „ме разбира“. Благодарение на SmartThings и AI можностите, обврските што ги мразев станаа невидливи процеси во позадина. Мојот дом повторно го доживувам како место за релаксација и уживанција.

Затоа, не чекајте до последен момент! Искористете ја зимската промоција, одберете го вашиот Samsung фаворит и почнете да уживате во слободното време. Заслужувате дом кој работи за вас!

 

Најнови вести од: Македонија

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

Најнови вести

To top