Македонија

Домашен притвор за директорката осомничена за загадената вода во Гостивар

Артана Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор,. мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор

 

Откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски притвор за поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“. Артана Асани оди во домашен прритвор, дознава „Плусинфо“.

Артана Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор. Мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор.

Со новата судска одлука, Асани ќе остане лишена од слобода во домашни услови и ќе мора да ги почитува ограничувањата утврдени од судот. Одлуката не значи запирање на постапката, ниту ослободување од сомнежите што се предмет на истрагата.

Имено, постапката против неа продолжува во рамките на истрагата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

Асани и другите осомничени се поврзуваат со случајот со загадената вода во Гостивар, кој предизвика здравствени проблеми кај граѓаните и отвори прашања за управувањето и контролата на водоснабдувањето.
Според сомнежите, водата од водоводот беше загадена затоа што претпријатието со пумпи внесувало отпадна вода од отворен канал директно во водоводот.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top