Македонија

Домашен притвор за моторџијата кој усмрти човек и побегна

Истрагата утврди дека осомничениот немал возачка дозвола и претходно двапати бил осудуван

Возачот на мотоцикл „Кавасаки“ кој на 24 јуни усмрти пешак на скопскиот Кеј, а потоа побегна од местото на несреќата без да укаже помош, наместо во истражниот затвор „Шутка“ ќе ги чека резултатите од истрагата во домашен притвор.

Таква одлука донесе судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, кој не го прифати предлогот на обвинителката за определување мерка ефективен притвор, дознава „Скопје 1“.

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека веднаш поднеле жалба до Кривичниот совет, барајќи возачот повторно да биде спроведен во затвор, со образложение дека веќе бил во бегство и постои опасност од влијание врз сведоци и повторување на делото. Решението со образложение на судијата сè уште не е јавно објавено.

Трагедијата се случи на пешачката патека покрај реката Вардар, пред зградата каде што живеел 50-годишниот Југослав Николовски – Југо. Тој излегол да фрли отпад кога бил прегазен од мотоциклот, а возачот побегнал оставајќи го тешко повредениот совозач. Николовски почина на лице место.

Истрагата утврди дека осомничениот немал возачка дозвола и претходно двапати бил осудуван – еднаш за насилство во 2016 година и еднаш за непочитување на ковид-мерките во 2021 година. Сега се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и неукажување помош на повредено лице.

Одлуката на судот предизвика бурни реакции во јавноста, а семејството на загинатиот побара максимална казна. Кривичниот совет треба да се произнесе по жалбата на Обвинителството во наредните денови.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top