Македонија

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања

УНИБанка донираше парични средства на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Скопје за набавка на најсовремен медицински апарат за болните од цистична фиброза.

Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања, особено оние со цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други состојби со задржување на густ секрет во дишните патишта.

„УНИБанка отсекогаш била поддршка на локалната заедница и секојдневниот живот на луѓето во Македонија. Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманости поддршка таму каде што се најпотребни. Како општествено одговорна компанија, со особена посветеност поддржуваме проекти кои носат подобар живот и насмевка за децата и семејствата.

Нашата мисија не е само да создадеме квалитетни финансиски решенија, туку и да покажеме човечност, емпатија и искрена грижа за заедницата. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредување на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, изјави Делчо Крастев, Претседател на Управен одбор на УНИБанка.

“Овој апарат претставува значајна поддршка во рехабилитацијата и секојдневната терапија на децатасо белодробни заболувања и цистична фиброза, бидејќи овозможува поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија.Неговото значење е уште поголемо бидејќи го добиваме во време кога континуирано се работи на зајакнување и унапредување на техничките капацитети”,изјавија од клиниката.

Ваквите активности УНИБанка ќе ги продолжи и во иднина, со цел да придонесе кон подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top