Македонија

Досега се пријавени петмина јавни обвинители за нов шеф на Основното јавно обвинителство

Изборот на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е закажан за 28 октомври 2026 година

Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Според дневниот ред на 50-тата седница, предвидено е формирање Комисија за подготвување кандидатски листи, како и Комисија за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

На огласот за избор на нов раководител на ОЈО ГОКК досега се пријавени петмина јавни обвинители.

Според информациите кои за МИА ги потврди претседателот на СЈОРМ, Башким Бесими, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Огласот за избор на раководител на ОЈО ГОКК беше објавен согласно Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за Јавното обвинителство. Според условите, право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години.

Изборот на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е закажан за 28 октомври 2026 година.

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top