Македонија Бизнис

Државата дава над 40 милиони евра за самовработување – младите можат да аплицираат

Околу 3.200 невработени млади од Македонија аплицирале за владината мерка за поддршка со самовработување која е најпривлечна за оваа категорија. Тие можат да користат финансиска помош од 7.000 или 10.000 евра, во зависност од возраста, а за реализација се обезбедени 2,5 милјарди денари (над 40 милиони евра), беше кажано на денешната трибина во Велес каде […]

Околу 3.200 невработени млади од Македонија аплицирале за владината мерка за поддршка со самовработување која е најпривлечна за оваа категорија. Тие можат да користат финансиска помош од 7.000 или 10.000 евра, во зависност од возраста, а за реализација се обезбедени 2,5 милјарди денари (над 40 милиони евра), беше кажано на денешната трибина во Велес каде се промовираше мерката.

Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од најпопуларните и најатрактивните мерки, самовработувањето. Оваа мерка ќе трае до петок.

  • „Помошта е 10.000 евра за невработени до 29 години и 7.000 евра за невработени над оваа возраст. Две млади невработени лциа со добар бизнис план можат да добијат 20 илјади евра ако се до 29 години, а над оваа возраст добиват 14 илјади евра“, кажа заменик-министерот за еконномија Марјан Ристески.

За оваа мерка можат да аплицираат 16.500 лица кои редовно се пријавуват во Агенцијата за вработување. Пријавувањето е до 20 јуни.

  • „Со овој оперативен план, прилагодени се потребите на работодавачите, на невработените лица. Годинава имаме највисок буџет и најголем опфат на потенцијални кандидати“, рече Весна Пешова, заменичка-директор на Агенцијата за вработување.

За една седмица во Велес аплицирале 90-тина невработени лица. Пријавените посетуваат задолжителна обука.

Објавени се три огласи од Оперативниот план за вработување, наменети за самовработување на лица. Поддршка за самовработување на лица над 29 години, со финансиска поддршка за 610 лица до 430.500 денари (7.000 евра), поддршка за самовработување за млади лица до 29 години со финансиска поддршка за 720 лица до 615.000 денари (10.000 евра), самовработување во партнерство (регистрација како ДОО со 2 лица), со финансиска поддршка од 861.000 денари до 1.230.000 денари за 400 лица вработени во ново-основани правни субјекти, од кои 220 лица до 29 години. За сите кои ќе добијат средства, се предвидени обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини – Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 20 јуни 2025 година.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top