Македонија

Државната награда „8 Септември“ за спортски достигнувања ке биде доделена денеска

Врачување во Кристалната сала на Собранието

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска во Кристалната сала на Собранието ќе ги врачи највисоките признанија за животно дело и за спортски достигнувања во 2026 година.

Трајчо Димков е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план во борењето.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Димче Ангелов, Ацо Крстов, Дејан Ангеловски и Ангел Мицевски.

Со оваа свеченост се одбележуваат најзначајните спортски успеси и долгогодишниот придонес на личности кои ја афирмираа Македонија на меѓународната сцена.

Најнови вести од: Македонија

To top