Македонија

Собранието на Македонија со дигитален асистент за лицата со попреченост

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

Новите функции го олеснуваат користењето на платформата за лица со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги содржините поразбирливи, навигацијата полесна, а информациите поблиски до сите граѓани. Веб-страницата сега вклучува дигитален асистент и други механизми за инклузивност.

Овие подобрувања се усогласени со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1, следејќи ги најдобрите европски практики во дигиталното управување и почитувањето на човековите права.

Инвестицијата претставува јасна заложба на Собранието за поголема транспарентност, дигитализација, граѓанска вклученост и пофункционална демократија. Кога институциите ги прават информациите достапни за сите, тие стануваат поотворени и доверливи. Со овие иновации, Собранието продолжува да гради мостови на комуникација со граѓаните, докажувајќи дека дигиталната трансформација има вистинска вредност само кога е инклузивна.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top