Македонија

ДУИ: На Албанците намерно им се прекинува водата за пиење!?

Реакција на прекинот на снабдувањето со вода за пиење по полноќ за граѓаните-Албанци во Општина Јегуновце

 

„Во најжешките денови од годината, кога температурите го достигнуваат својот врв, прекинувањето на водата за цела заедница е нечовечки, дискриминаторски и неприфатлив чин“, велат од ДУИ.

Од партијата на Ахмети додаваат дека прекин на водата само во подрачјето каде што живеат Албанци, освен како тенденциознои дискриминаторски (…) не може да се смета поинаку, пренесува Телеграфи.

„Ова не е само менаџерска неспособност, ова е политички пристап. Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и неговите локални партнери, кои денес користат дури и основни услуги како политичко оружје за да ги потчинат и понижат Албанците.

За оваа ситуација е одговорна и ВРЕДИ, која со својот договор за власт го доведе албанскиот народ до целосна исклученост: без претставување и без никаков институционален глас. Од „еднаквите Албанци“ што ги ветија, денес нашите граѓани станаа невидливи, незастапени и игнорирани.

Ова не е демократија. Ова е владеење со омраза и логика на делење дури и на водата за пиење“ обвинуваат од опозициската партија..

„ДУИ бара оваа политика на колективно казнување веднаш да се запре и водата за пиење да им се стави на располагање на сите граѓани на Јегуновце, без оглед на етничката припадност или верувањето. Ги покануваме државните институции и Народниот правобранител да реагираат без одлагање и да утврдат одговорност на сторителите на оваа неправда.

Правото на вода за пиење е универзално право што сите луѓе треба да го уживаат без исклучок и без разлика на етничка припадност, политичка припадност, религија, јазик, социјална, полова. Водата е фер. Животот е фер. А правата не запираат со валкани политички одлуки“, велат од ДУИ во. реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

To top