Македонија

Два товарни брода погодени од дронови во бугарските води на Црното Море

Прв ваков инцидент во близина на Варна, еден брод потона, екипажот на другиот спасен

Два товарни брода беа погодени од беспилотни летала (дронови) во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море, во близина на градот Бјала и нос Свети Атанас, околу 70-80 наутички милји источно од брегот. Ова е прв регистриран напад од ваков вид врз трговски бродови во бугарските води.

Според првичните податоци на бугарските медиуми и Maritime.bg, цели на нападите биле двата брода за генерален товар: ALFA WATAN (IMO: 7510884) под знаме на Того и ABLE (IMO: 9001136) под знаме на Палау.

Бродот ALFA WATAN претрпе критични структурни оштетувања и потона. Во моментот на објавување на информациите немаше официјални податоци за судбината на неговиот екипаж, а спасувачката операција продолжи. На бродот ABLE по ударот изби сериозен пожар, поради што целиот екипаж од 18 лица мораше да го напушти пловилото. Тие беа успешно евакуирани на бугарскиот ро-ро/патнички ферибот DIOSCURIA (IMO: 7931997), кој беше пренасочен кон местото на инцидентот. Меѓу спасените има двајца потешко повредени – еден со термичка повреда и друг со повреда на главата – додека останатите се во добра состојба. Спасените потоа беа префрлени на гранично-полициски катер.

Во акцијата учествуваа и други пловила, вклучувајќи го и бродот MERCY. Спасувачката операција продолжи во текот на утрото.

Премиерот на Бугарија, Румен Радев, свика итен состанок со претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и води, претседателската институција и безбедносните служби. Претседателката Илијана Јотова ја откажа планираната посета на Велико Трново поради инцидентот.

Некои бугарски медиуми, повикувајќи се на извори, наведуваат дека станува збор за руски дронови, но официјално потеклото на дроновите сè уште не е потврдено и е предмет на истрага.

Инцидентот доаѓа еден ден по сличен напад со дрон врз турски брод во романската економска зона, каде што имаше жртви.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top