Македонија

Двајца лекари со различна дијагноза за психичката состојба на Раде Трајковски Штекли

Зад решетки или на лечење во Психијатриска болница треба да биде Раде Трајковски Штекли?

Зад решетки или на лечење во Психијатриска болница треба да биде Раде Трајковски Штекли? Двајца доктори-психијатри му даваат различна дијагноза за здравствената состојба на обвинетиот за трговија со дрога. Трајковски, кој преживеа три обиди за негова ликвидација, седна во судница во скопскиот Кривичен, но рочиштето повторно се одложи. Неговата одбрана тврди пред судот дека не е психички способен да го следи судскиот процес.

„Заради психичко заболување не може да ги следи рочиштата за главна распава, кои што е основен услов за активно да учествува. Треба обвинитиот активно да учествува. И нашето вештачење е изготвено пред месец и половина. Без расчистување на овој факт, судот ќе направи многу голема процесна повреда“ – рече Сашко Дукоски – Адвокат на Раде Трајковски Штекли.

Вештакот ангажиран од одбраната утврдил дека Трајковски не може да се застапува на суд и треба да оди на лечење на Клиниката за психијатрија.

“Од пред три години Трајковски има свој имагинарен учител кој го подучува на патот на вечниот живот, има бизарни идеи кои го преокупираат и поставил камера дома бидејќи го преокупираат мисли дека албанската мафија се здружила против него. Има халуцинации, нарушено доживување на телото и органите, шизофренија како психотично растројство“, оценил психијатарот Ѓорге Хаџи Ангеловски.

Целосно спротивно на ова, утврдил психијатарот кој го ангажира обвинителството: обвинетиот може да го следи судењето, расудува и е – пресметлив:

„Обвинетиот има зачувана моќ на расудување и свесност за постапки и без тешкотии може да го следи судењето. Разграничува битно од небитно, исправно и неисправно…“ смета – Оливера Суботин Поповска – психијатар во болница Бардовци.

На следното рочиште вештаците треба да ги објаснат своите дијагнози пред судот. Додека Трајковски докажува дали е психички способен да следи судскиот процес, уште четворица од неговата група признаа вина пред судот. Претходно, седум од групата на Штекли се спогодија со обвинителството за затворски казни од 3 до 5 години. Обвинителстото ги товари за продажба на дрога во Скопје и на интернет, најчесто во кафуле во Аеродром без за тоа да знае сопственикот. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.

Извор: Алфа тв

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Работната група усогласи десет членови од Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР

Претставниците на политичките партии се усогласиле за членовите кои се однесуваат на користењето буџетски средства на институциите во изборната кампања, користењето службени профили на институциите на социјалните мрежи за време на избори и изборна кампања, огласите и постапките за вработувања, како и за изземањето лица со специфични професии од изборниот процес, како на пример медицински лица. Дел од усогласувањето се однесува и на субјектите кои го добиваат избирачкиот список и роковите во кој рок

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот

Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст

Ана Дангова-Хуг доби едногласна поддршка за да биде нов кандидат за судија во ЕСЧП

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска ја одржа шестата седница по добиеното мислење од советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор

Најнови вести

To top