Македонија

Двајца браќа од Тетовско повредени со нож откако одбиле да дадат 100.000 евра

Осомничениот Д.И. (37) e лишен од слобода

Двајца браќа од тетовското село Пршовце се повредени со нож откако претходно добиле закани и барање да исплатат 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 5 јули во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42) пријавиле дека околу 21:00 часот, додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавил Д.И. (37) од Тетово и му побарал 100.000 евра, при што му упатил закани.

Подоцна, двајцата браќа се сретнале на улицата „120“ пред еден маркет, каде Д.И. пристигнал со мотор. Меѓу нив избувнала вербална расправија која прераснала во физичка пресметка. Според пријавата, Д.И. извадил нож со намера да го нападне С.А., но бил спречен од неговиот брат А.С., кого го ранил. Потоа, со нож го повредил и С.А.

На повредените браќа им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Истата вечер, во 22:20 часот, осомничениот Д.И. сам се пријавил во Полициската станица во Тетово, а во 23:20 часот бил лишен од слобода и задржан. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести од: Македонија

МВР со акција за поголема безбедност во сообраќајот

Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

To top