Македонија

ДЗС доби 50 специјално опремени возила од АРМ и МВР

Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за справување со пожарите во земјава.

Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за справување со пожарите во земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски, на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“, посочи дека станува збор за полициски и армиски возила кои повеќе од осум години беа запуштени и не биле запалени, а со кои сега државата многу поподговени ја пречекува сезоната на пожари.

-Благодарност до сите кои што учествуваа во оваа активност. На овој начин државата заштедува неколку десетии милиони евра, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени, изјави Мицкоски.

Тој информираше дека неделава треба да стигне и вториот авион од сервис, а третиот се очекува до крајот на август.

– По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени доколку има потреба. Навистина не можеме да правиме споредба со претходно. Можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од минатото доколку има вакви предизвици, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во тридневна посета на Македонија (ВИДЕО)

Посетата на Скопје се оценува како значаен дипломатски чекор во развојот на односите меѓу Македонија и Индија и отвора можности за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Каде се Таравари, ДУИ и СДСМ да реагираат на скандалот со водата во Гостивар

Беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност

Македонски поет со суптилна рецензија за (не)грчкиот филм за Хомер

Младиот македонски поет и писател Дарко Лешоски објави остра и искрена рецензија за најновиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, која за само еден ден собра над 1.000 лајкови и стотици коментари на Фејсбук

To top