Македонија

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Како што рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а избирачкото место 0782 во Ќафа не е воопшто отворено.

-Избирачкото место 0571 во Центар Жупа е отворено со задоцнување од 40 минути, а избирачките места 503, 512, 513, 529 и 533 во Гостиварско се отворени со задоцнување од повеќе од еден час. Гласањето почнало со задоцнување и во избирачките места 0478 во Сенче и 0496 во Орѓуш, општина Маврово – Ростуше. Како што е познато, според Изборниот законик, онаму каде што гласањето е прекинато и прекинот трае еден до три часа, гласањето ќе се продолжи колку што траел прекинот. Избирачкото место 0782 во Ќафа не е отворено и засега таму гласањето не се одвива. Ќе видиме што ќе се случува во текот на денот, напомена Тодоровска Алексовска.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128 286 избирачи. 

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

Македонија меѓу најдобрите во светот по намалена смртност кај децата, но бебиња сѐ помалку се раѓаат – во 2025 само 15.431 бебиња

Иако Македонија бележи успех во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и малите деца, бројот на новородени деца континуирано опаѓа, па така минатата година се родиле само 15.531 бебиња – најмалку досега.

To top