Македонија

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за свесна злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ , како и против лицето Б.К. (46) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според документираните сознанија од истрагата, првопријавениот во својство на градоначалник на општина Кичево, односно како службено и одговорно лице, свесно и со умисла, извршил повеќе временски поврзани дејства. Притоа од април 2021 година до ноември 2025 година во рамки на подготвувањето и спроведувањето на Договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно улично осветлување на општина Кичево, склучен на 8.11.2021 со конзорциум од три правни лица, две од Кичево и едно од Гостивар прекршил законски одредби содржани во Законот за концесии и Јавно приватно партнерство, како и одредби содржани во Законот за јавни набавки. И на тој начин како договорен орган практично преземал противправни дејства со цел Договорот за модернизација на уличното осветлување во град Кичево да го додели на нему блиски лица, а со намера за стекнување на противправна имотна корист од големи размери.

На тој начин, првопријавениот Ф.Д. нанел материјална штета на буџетот на ЕЛС општина Кичево, од околу 1.621.013,00 евра (или 99.692.345,оо денари), еднаков на износот на исплатените месечни ануитети на конзорциумот приватни фирми до поднесувањето на пријавата.

Второпријавениот Б.К.во својство на службено лице, вработен во општинската администрација како раководител на Сектор за финансии, и именуван како претседател на Комисијата за спроведување на постапката за Јавно приватно партнерство и именуван втор член на Комисијата за следење, верификување и исполнување на Договорот за ЈПП, во истиот временски период од 2021 до 2025 година, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности. Така што на тој начин дозволил од своја страна да биде прибавена корист од големи размери на штета на буџетот на Општина Кичево. 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top