Македонија

Ексклузивно: Паника меѓу скопски угостители, пропаѓа ли огромна компанија за достава на храна?

Штетата може да е милионска

Речиси 300 скопски ресторани се во паника откако неколку дена никој од сопствениците не може да стапи во контакт со компанијата Кликни Јади.

Во моментов преку оваа компанија која беше една од водечките во бизнисот не се врши достава на храна и пијалоци не може да се нарача ништо.

Паниката меѓу ресторанџиите кои соработувале со Кликни Јади започнала пред неколку месеци кога компанијата почнала да забошотува со исплатата на храната која ја доставува кон крајните корисници.

,,Мислевме дека е привремен застој и дека соработката ќе продолжи без проблеми но од тогаш минаа месеци а компанијата не успева да го врати долгот кон мојот но и други ресторани. Добивавме уверување дека долговите ќе бидат расчистени но од пред неколку дена не можам да стапам во контакт со менаџерите со кои работам со години”, вели за expres.mk познат  скопски угостител кој осака да остане анонимен а кој не сака да ја открие сумата која ја побарува за која нервозно вели дека е во рангот на ,,Боли глава”.

На сајтот на Кликни Јади денеска не може да се нарача ништо а на телефоните на компанијата не се јавува никој.

Според податоците до кои дојде expres.mk компанијата лани имала 129 милиони приход со пријавен профит од помалку од  6000 евра.

Поради принципот на работа на Кликни Јади според кој компанијата ги добивала парите од муштериите и подоцна ги префрлала на своите 300 партнери ресторани и угостителски објекти сумата која што можат да ја загубат угостителите може да биде милионска.

Фирмата формално гласи на две сопственички кои имаат идеална половина:

ПЕРСИДА НЕСТОРОВСКА (50,00%), Основач/сопственик/Основач

ЛИДИЈА ДИМОВА (50,00%), Основач/сопственик/Основач

Двете сопственички од која Несторовска е и управител засега не се достапни за јавноста и за 300 угостители со кои имаат нерасчистени должничко доверителски односи.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top