Македонија

Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

На uslugi.gov.mk најмногу се вадат електронски изводи од матичната книга на родените

Една од најкористените услуги на порталот uslugi.gov.mk е за вадење електронски изводи од матичната книга на родените, информира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Посочи дека аплицирањето за електронски изводи од матичните книги на родените, венчаните, на умрените и потврдата за слободна брачна состојба се достапни на електронскиот портал uslugi.gov.mk, што значи дека и аплицирањето на порталот и добивањето на услугата се целосно електронски.

„Документот го добивате и во своето електронско поштенско сандаче, нешто што го промовиравме во декември минатата година. Го добивате и на својата мејл-адреса, па потоа може да го испечатите ако сакате“, рече тој.

Во однос на обврската електорнскиот документ да се испечати, според министерот, за жал, повеќето од законите бараат извод од матична книга, а институциите сметаат дека треба да биде печатен документ.

„Токму во оваа насока се измените кои се прават на секој од поединечните закони, каде што се вели дека освен електронски извод, може да ја добиете и таа потврда по службена должност, нешто што, на пример, Министерството за внатрешни работи го користи за издавање лиценци или дозволи за оружје. Тие по автоматизам или по службена должност сами ги прибираат податоците за државјанство, за извод од матичната книга на родените и потврда за неосудуваност од страна на судовите. Се надевам дека во оваа насока ќе се придвижат и другите институции. Мое е да кажам дека можноста постои, а задача на секоја од институциите е тоа да го реализира“, вели Андоновски.

Инаку, освен издавање извод од матична книга на родените, други најчесто користени услуги преку порталот uslugi.gov.mk се и барање за издавање одобрение за набавување оружје за физичко лице, издавање потврда од казнена евиденција за стажот на осигурување, остварените плати и надоместоци.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top