Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што се укинува мерката притвор што претходно му беше определена во траење од 30 дена. Претгодно, во текот на истиов ден, на 9 јуни, ВМРО ДПМНЕ соопшти: „Поранешниот потпретседател на СДС и дете на Заев Стефан Богоев е фатен со мито за местење тендер“. „Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи ВМРО ДПМНЕ дознава дека дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил. Тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инкасирал 1,8 милиони денари. Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а ВМРО ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да истражи дали ова е единствениот тендер кој Стефан Богоев-Богац го наместил за време на мандатот на директор.“ – имаше нагласено ВМРО ДПМНЕ. Но, наспроти сите овие сериозни индикации, се соопштува денес дека судот донел одлука за пуштање на Богоев од притвор, која била донесена по жалба изјавена против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на Богоев му беше определен притвор.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.