Македонија

Експотпретседателот на СДСМ и ексдиректор на Царината Стефан Богоев, фатен со мито за за местење тендер, излегува од притвор! – Судот прифати гаранција од 55 илјади евра!

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што се укинува мерката притвор што претходно му беше определена во траење од 30 дена. Претгодно, во текот на истиов ден, на 9 јуни, ВМРО ДПМНЕ соопшти: „Поранешниот потпретседател на СДС и дете на Заев Стефан Богоев е фатен со мито за местење тендер“. „Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи ВМРО ДПМНЕ дознава дека дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил. Тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инкасирал 1,8 милиони денари. Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а ВМРО ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да истражи дали ова е единствениот тендер кој Стефан Богоев-Богац го наместил за време на мандатот на директор.“ – имаше нагласено ВМРО ДПМНЕ. Но, наспроти сите овие сериозни индикации, се соопштува денес дека судот донел одлука за  пуштање на Богоев од притвор, која била донесена по жалба изјавена против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на Богоев му беше определен притвор.

„Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Гаранцијата се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Покрај гаранцијата, Судот му определи и мерки на претпазливост согласно Законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Од Судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.

Стефан Богоев е осомничен во предмет што се однесува на наводни злоупотреби во постапка за јавна набавка во Царинската управа. Истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во тек, соопштуваат надлежните органи.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Најнови вести

To top