Македонија

Експресен пат од Радовиш преку Струмица до Бугарија – почна подготовката на документацијата

Целта е новиот експресен пат да не завршува во Струмица, туку преку Ново Село да продолжи до македонско-бугарската граница.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска беше во работна посета на Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков разговараше за инфраструктурните проекти во општината и плановите за нејзин понатамошен развој. На средбата присуствуваа и претставници на општинската администрација, како и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов. Според Министерството за транспорт, само преку ова министерство во Струмица се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра.

Меѓу проектите е изградбата на атмосферски канализациски систем во населеното место Просениково, чија вредност изнесува 46,6 милиони денари. На средбата се разговарало и за патната и комуналната инфраструктура, како и за проектите кои Владата ги поддржува во општината. Една од поголемите најавени инвестиции за целиот регион е изградбата на експресен пат кој треба да се протега од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, до границата со Бугарија.

За овој проект во моментов е започната постапка за избор на проектантска, односно консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација. Планирано е да бидат изработени предпроектна документација, еколошки и социјални студии и физибилити студија. По завршувањето на документацијата треба да следува тендер за избор на изведувач и изградба на патот.

Николоски претходно најави дека проектот е планирано да се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Според неговите најави, целта е новиот експресен пат да не завршува во Струмица, туку преку Ново Село да продолжи до македонско-бугарската граница. Од Министерството за транспорт велат дека инвестициите во Струмица се насочени кон подобрување на патната и комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за жителите и локалниот економски развој.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top